Elena Teslova,Hakan Ceyhan Aydoğan
22 Март 2017•Ажурирај: 22 Март 2017
МОСКВА (АА) - Рускиот министер за надворешни работи се состана во Москва со специјалниот пратеник на Обединетите нации (ОН) за Сирија, Стефан де Мистура, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што наведуваат од Министерството за надворешни работи, Лавров и Мистура разговараа за петтата рунда мировни преговори за Сирија, закажани за 23. март во Женева.
Стефан де Мистура изјави дека на теренот има промени, но дека е потребно да се преземат некои чекори на политичкото поле и истакна дека поради тоа пристигнал во Москва.
„Од Москва одам во Анкара. Турција по ова прашање е наш важен партнер“, рече Де Мистура.
Лавров ја истакна важноста на средбата којашто се одржа неколку дена по разговорите во Астана, а еден ден пред разговорите во Женева.