Zuhal Demirci
28 Април 2020•Ажурирај: 28 Април 2020
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, оствари телефонски разговор со неговиот руски колега Сергеј Лавров, пренесува Агенција Андолија (АА).
Според информациите добиени од дипломатски извори, во телефонскиот разговор министерот Чавушоглу и неговиот руски колега Лавров се фокусирале на борбата против новиот вид коронавирус и на регионалните случувања.
Турското Министерство за одбрана на Твитер соопшти дека во рамките на договорот од Москва, спроведена е 6. заедничка турско-руска копнена патрола на Автопатот М4 во Идлиб, со учество на копнени и воздушни елементи.