Şenhan Bolelli
31 Август 2022•Ажурирај: 01 Септември 2022
БУНОЛ (АА) – Дваесет илјади луѓе, учесници на „Ла томатина“, еден од светски познатите фестивали во Шпанија, меѓусебно се расфрлаа со 130 тони домати, јавува Агенција Анадолија (АА).
Фестивалот кој годинава се одржува во местото Бунол во градот Валенсија, беше специфичен бидејќи се одржа по 75. пат и бидејќи се славеше 20-годишнина од неговото признавање како меѓународна туристичка вредност од страна на Министерството за туризам.
Во центарот на градот со шест камиони се донесени 130.000 килограми домати кои се употребија на фестивалот.
Се одржува секоја година во последната среда од август, а се одржува за првпат по 2019 година поради епидемијата на Ковид-19.

Точно во 12:00 часот на Плоштадот „Таун хол“, со самата најава дека започнува Фестивалот „Ла томатина“, полетаа и доматите.
На лицата кои влегоа на улицата каде што се одржува фестивалот не им беше дозволено со себе да носат остри или тврди предмети.
Дополнително на тоа, како и на изминатите фестивали, до учесниците беше упатено предупредување доматите да ги фрлаат откако ќе ги здробат со раце за да нема повреди.
Меѓународната репутација на фестивалот е зголемена во последните десет години. Вообичаено имаше гости од азиските земји. Но оваа година се забележува дека има малку туристи од Азија поради мерките за Ковид-19, но големо учество од европските земји.

На крајот на војната со доматите, улиците и реката што минува низ градот заедно со илјадници луѓе станаа црвени.
Во изјава за дописникот на Агенција Анадолија (АА), американските туристи нагласија: „Дојдовме за првпат и беше многу забавно. Доматите ги има насекаде, но ние сме многу среќни.“
Марио кој живее во местото Бунол, рече: „За нас секоја „Ла томатина“ е како нов почеток. Со фрлање домати еден на друг се чувствуваме како да сме повторно родени.“

- Населението во Бунол се удвои за еден ден
Општина Бунол и организаторите на фестивалот од 2013 година го ограничија учеството на 20.000 луѓе за да спречат турканици.
Влезот на фестивалот, кој во последните години од локален настан прерасна во настан за економски приходи, оваа година изнесуваше 12 евра. Влезот се наплаќа од 2013 година.
Во рамките на фестивалот во Бунол, чие население од околу 9.600 се удвојува на овој ден, се одржуваат и музички настани.
Марија Валес, одговорната за Фестивалот „Ла томатина“ од општина Бунол, во изјавата за медиумите рече дека се очекува, туристите кои доаѓаат на фестивалот да остават 2 милиони евра во регионот на Валенсија.
- Нема информации за тоа како е започнат фестивалот
Нема јасни информации како е започнат Фестивалот „Ла томатина“, кој секоја година се одржува во последната среда од август во Бунол.
Според најчестата легенда, во кавгата меѓу соседите во Бунол во 1945 година, страните меѓу себе се фрлале со зеленчук и овошје од тезгите кои ги поседувале. Тоа се смета за почеток на „Ла томатина“.