свет

Шефот на турската дипломатија се сретна со катарскиот колега во Доха

- Се очекува средбите на Хакан Фидан во Катар да бидат посветени на растечкото стратегиско партнерство меѓу двете земји

Can Efesoy  | 13.08.2025 - Обновена : 14.08.2025
Шефот на турската дипломатија се сретна со катарскиот колега во Доха Murat Gök/AA

АНКАРА / ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денес се сретна со катарскиот колега Мохамед бин Абдулрахман ал-Тани во Доха, Катар, соопштија турски дипломатски извори, известува Анадолу.

Министерот Фидан пристигна во Доха во дводневна посета, информираа извори од турското МНР, додавајќи дека се очекува неговите средби да бидат посветени на растечкото стратегиско партнерство меѓу двете земји во сите области. Се очекува да се разговара и за нови можности за идна соработка.

Средбите, велат изворите, ќе бидат и подготовка за 11. состанок на Високиот стратегиски комитет на земјите, кој треба да се одржи во Доха оваа година, со кој ќе претседаваат турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и катарскиот емир, шеик Тамим бин Хамад ал-Тани, а ќе се спроведат и консултации за регионални прашања, особено за Газа и Сирија.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın