Esat Fırat
13 Август 2020•Ажурирај: 15 Август 2020
КУДС
Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, реализира посета на Израел со цел да разговара за туристичките активности меѓу неговата земја и Израел, како и за тензиите на Источниот Медитеран, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на израелските медиуми, Дендиас, по средбата со неговиот израелски колега Габи Ашкенази, ќе биде примен на средба од страна на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Се истакнува дека Дендиас со израелските власти ќе разговара за туристичките активности меѓу двете земји, како и за прашањето на Источниот Медитеран.
„Израел внимателно ги следи зголемените тензии на Источниот Медитеран, и ја изразува својата целосна поддршка и солидарност за правото на Грција за определување на нејзината ексклузивна економска зона на поморската област“, се наведува во писменото соопштение на израелското Министерство за надворешни работи објавено пред посетата на Дендиас.