Ekip
06 Септември 2021•Ажурирај: 08 Септември 2021
АЛ-КУДС
Шест палестински затвореници побегнаа утринава од израелскиот затвор „Гилбоа“, објавија израелските државни медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Израелската затворска служба соопшти дека затворениците ископале тунел и побегнале од затворот“, јави државната телевизија „Кан“.
Се наведува дека пет затвореници припаѓале на Движењето „Исламски џихад“, додека еден бил поранешен припадник на Движењето „Фатах“.
Израелскиот дневен лист „Маарив“ јави дека контингентот на полицијата пристигнал во затворот и дека е започната акција за потрага.
„Сите затвореници служеа доживотна казна“, пренесува израелскиот портал „Вала њуз“.
„Хаарец“ наведува дека шесте затвореници биле заедно во ќелија и дека успеале да ископаат тунел со длабочина од неколку десетина метри.