Bahattin Gönültaş
06 Септември 2021•Ажурирај: 08 Септември 2021
БЕРЛИН
Амбасадорот на Германија во Кина, Јан Хекер, кој ја презеде одговорноста пред две недели, почина на 54 години, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Со длабока тага ја примивме веста за изненадната смрт на германскиот амбасадор во Кина, проф. д-р Јан Хекер“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи.
Министерството не ги сподели информациите за причината за смртта на 54-годишниот дипломат.
Хекер, кој пред тоа работел како советник за надворешна политика на канцеларката Ангела Меркел, должноста амбасадор на Германија во Пекинг ја презеде на 24 август.