Bekim Laci
07 Април 2016•Ажурирај: 08 Април 2016
СКОПЈЕ (АА) Амбасадорот на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, за набљудување на предвремените парламентарни избори во Република Македонија, Јан Петерсен, во интервју за Аnadolu Agency (АА) зборуваше за развојот на проследувањето на изборниот циклус.
Амбасадорот Петерсен зборуваше за ОБСЕ/ОДИХР, кој овие денови пристигна во Македонија, како и за изборите на 5-ти јуни.
Според него, ОБСЕ/ОДИХР е подготвен за набљудување на изборите.
“Поради тоа што изборите се закажани за 5-ти јуни, и поради тоа што имаме потреба од претходна подготовка, минатата недела дојдовме во Македонија”, рече амбасадорот. И овие избори ОБСЕ/ОДИХР ќе ги мониторира со околлу 300 набљудувачи што е скоро ист број набљудувачи од другите мисији за мониторирање на изборите во Македонија.
“Бројот од 300 набљудувачи се однесува на краткорочните набљудувачи кои ќе бидат тука на денот на изборите, но многу е важно да нагласам дека сега ја имаме воспоставено главната екипа на долгорочни набљудувачи кои до крајот на неделата ќе бидат распоредени во целата земја, што ни овозможува да имаме наши луѓе на терен за еден подолг временски период. Нашиот пристап е ист со сите држави кои ги набљудуваме, и сакам да кажам дека сме набљудувале околу 300 изборни процеси во регионот. Затоа, начинот на кој го организираме набљудувањето во Македонија не се разликува од другите земји”, рече тој.
Јан Петерсен беше прашан и за тоа дека ОБСЕ/ОДИХР последните изборни циклуси во Македонија ги оцени дека поминале главно во мирна атмосфера исполнувајки ги основните стандарди, а во меѓувреме опозицијата во Македонија тврди дека е направен голем фалсификат со фиктивни избирачи, за што има објавено прислушкувани разговори за кои тврди дека докажуваат вмешаност на владата во изборните манипулации.
“Ова е моја прва недела во државава, затоа не можам да коментирам но и поради фактот што не сум бил дел од другите мисии, затоа е невозможно од моја страна да коментирам било што поврзано со ова. Тука сме дојдени без предрасуди и тоа што следствено ќе го направиме е да се запознаеме со политичката ситуација, ние набљудуваме за потоа да ја дадеме нашата оценка. Првенствено треба да ја завршиме нашата работа на терен пред да кажеме било што, затоа, нема да ја коментирам содржината однапред”, истакна Петерсен.
Еден од претходните заклучоци на ОБСЕ/ОДХР беше дека големиот број на избирачи во Македонија не соодветствува со реалниот број на населението.
“Мислам дека треба да се има в предвид дека претходните извештаи ги давале оценките од ОДИХР за то период. Што се однесува до напредокот по ова прашање можам да кажам дека тоа ќе се одрази во нашите извештаи, а суштинската содржина ќе се одрази во финалниот извејштај”, објасни Петерсен.
Амбасадорот на мисијата на ОБСЕ се осврна и на средбите со претставниците на Државната изборна комисија, како и на мониторирање на медиумската кампања.
“Ќе почнам од медиумите. Сега организираме мониторинг на медиумите кои ќе биде направен оценувајќи ги на квантитативен и квалитативен начин. Сè уште не почнавме, но верувам дека и ова ќе започне многу брзо. Што се однесува до ДИК, со нив имав средба минатата недела со цел да воспоставиме контакти за соработка. Нивните средби се отворени за што нашите експерти ќе учествуваат, но како и да е нема да коментираме туку само ќе набљудуваме”, истакна тој.
Поради тоа што по секој изборен циклус ОБСЕ излегува со препораки за Македонија, како што има направено и во минатото, земјата стагнира во нивното спроведување, за што амбасадорот Јан Петерсен рече дека “е прашање кое ќе се одрази во извештајот, но зависи од властите кои ги набљудуваме дали ќе ги спроведуваат нашите препораки”.