Atila Altuntaş
26 Август 2022•Ажурирај: 29 Август 2022
СТОКХОЛМ (АА) - Уништени се изборните плакати на Микаил Јуксел, политичар со турско потекло, претседател на Партијата на различни бои (Nyans) во Шведска, а на плакатите беа испишани навредливи изјави, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во Шведска во време кога продолжуваат активностите пред општите и локалните избори што ќе се одржат на 11 септември, во Малме уништен е изборниот плакат на Партијата на различни бои.
Јуксел, во изјава за Агенција Анадолија (АА), рече дека се уништени неговите плакати и дека се соочува со различни обиди за да се спречи да добие гласови на изборите.
Наведувајќи дека е на нишан на приврзаниците на терористичката организација ЈПГ/ПКК, Јуксел рече: „Бидејќи ја следиме политиката на пријателска Туркије (Турција), цел сме на независната пратеничка Амина Какабавех, која е поддржувач на ЈПГ/ПКК. Какабавех на нејзиниот профил на социјалните мрежи прави кампањи со клевети за да спречи да добиваме гласови. Затоа што ако влеземе во Парламентот, нема да дозволиме да шират терористичка пропаганда во Парламентот.“
Амина Какабавех на својат профил на Фејсбук за Партијата на различни бои на 24 август напиша: „Не гласајте за расистичката партија која е против мене и против хомосексуалците.“