свет

Шведска со апел до Јемен за спроведување на Договорот од Стокхолм

Валстром, во рамки на нејзината турнеја на Средниот Исток, оствари посета на Саудиска Арабија, каде што во изјава за весникот „Шаркул Авсат“ истакна дека Договорот од Стокхолм е еден од основните фактори на политичкиот процес во Јемен

Gamze Türkoğlu Oğuz  | 03.09.2019 - Обновена : 03.09.2019
Шведска со апел до Јемен за спроведување на Договорот од Стокхолм (Foto: Arhiva/ AA)

АНКАРА (АА) - Министерката за надворешни работи на Шведска, Маргот Валстром, укажувајќи на важноста на спроведувањето на Договорот од Стокхолм во Јемен, истакна дека треба итно да се постигне политичко решение за кризата во оваа земја, пренесува Anadolu Agency (AA).

Валстром, во рамки на нејзината турнеја на Средниот Исток, оствари посета на Саудиска Арабија, каде што во изјава за весникот „Шаркул Авсат“ истакна дека Договорот од Стокхолм е еден од основните фактори на политичкиот процес во Јемен.

Таа нагласи дека посакуваат да се спроведе овој договор, и дека треба итно да се најде политичка криза за кризата во земјата.

Валстром рече дека меѓународната заедница одблизу ја следи ситуацијата во Јемен, дека посакуваат да се стави крај на хуманитарната криза во земјата и да се обезбеди мир и стабилност во Јемен. Според неа, Шведска го поддржува апелот на Саудиска Арабија за дијалог во врска со кризата во Аден.

Шведската министерка истакна дека нејзината земја нема некоја тајна агенда во регионот, и дека таа посакува да се стави крај на страдањето на јеменскиот народ.

Страните во Јемен, за време на консултативните состаноци одржани под покровителство на Обединетите нации (ОН), во периодот од 6 до 13 декември во 2018 година во шведскиот главен град Стокхолм потпишаа договор во врска со размената на заложници, пристаништето Худејда и во врска со Таиз.

Валстром говореше и за други прашања, меѓу кои и за Сирија.

Таа нагласи дека што се однесува до сириското прашање, администрацијата на Стокхолм и Европската Унија (ЕУ) очекува да се формира уставен комитет.

Според неа, потребен е кредибилен политички процес во оваа насока.

Валстром истакна дека Шведска ќе продолжи да ги поддржува хуманитарните потреби на сирискиот народ.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.