свет

ОН: Сите страни во Јемен ги прекршиле човековите права и веројатно имаат извршено воени злосторства

Во извештајот на Групата меѓународни и регионални еминентни експерти за Јемен објавени се деталите за можни воени злосторства извршени од сите завојувани страни во текот на изминатите пет години

Fatih Hafız Mehmet  | 03.09.2019 - Обновена : 04.09.2019
ОН: Сите страни во Јемен ги прекршиле човековите права и веројатно имаат извршено воени злосторства

ЖЕНЕВА (АА) - Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), јеменската Влада и Хусите ги прекршиле меѓународните закони за човекови права во Јемен, соопштија денеска од Обединетите нации (ОН), јавува Аnadolu Agency (AA).

Во извештајот на Групата меѓународни и регионални еминентни експерти за Јемен, формирана од Советот за човекови права на ОН, објавени се деталите за голем број можни воени злосторства извршени од сите завојувани страни во текот на изминатите пет години.

Експертите откриле дека владите на Јемен, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија, како и Хусите и придружните народни комитети, имале сеприсутен недостиг на одговорност во однос на кршењето на Меѓународниот закон за хуманитарни и човекови права.

Во извештајот се бара итен прекин на сите акти на насилство извршени врз цивили со кршење на меѓународните човекови права и меѓународното хуманитарно право.

Јемен уште од 2014 година е средиште на судири, кога Хусите поддржани од Иран го зазедоа поголемиот дел од земјата, вклучително и главниот град Сана.

Судирите ескалираа следната година, кога Саудиска Арабија, заедно со сојузниците започна опсежна воздушна кампања за враќање на придобивките остварени од Хусите во Јемен, пружајќи поддршка на просаудиската Влада во Јемен.

Според податоците на ОН, во судирите во Јемен од 2016 досега животот го загубиле над 70.000 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın