Atila Altuntaş
28 Август 2019•Ажурирај: 29 Август 2019
СТОКХОЛМ (АА) - Пратеничката на левичарската партија на Шведска, Аминех Какабавех, која е со иранско потекло, е истерана од матичната партија поради антиисламската реторика, пренесува Anadolu Agency (AA).
Генералниот секретар на Шведската левица, Арон Етслер, на прес-конференција истакна дека антиисламската реторика на Какабавех е штетна за партиските политики и дека донеле одлука да ја прекинат нејзината врска со партијата.
Истакнувајќи дека Какабавех наведувала многу работи за исламот, кои не се вистинити, Етслер нагласи: „Таа тврдеше дека во предградијата на Шведска е основан исламски калифат. Една пропагандна лажна вест, што ја објавија расистите за исламот, ја сподели преку својот профил на социјалните мрежи. Исто така, сака во училиштата да бидат забранети верските симболи. Тоа е во спротивност со нашата партиска политика и предизвикува голема штета на нашата партија.“
- Какабавех во 2016 година објави расистичко лажно видео -
Познато е дека Какабавех честопати до Парламентот предлага терористичката организација ПКК да биде отстранета од листата на терористички организации.
Какабавех прв пат во 2016 година на нејзиниот профил на социјалните мрежи објави лажно расистичко видео подготвено за исламот и Сомалијците.
Во вестите за видеото беше истакнато дека видеото е споделено од страницата на една норвешка расистичка група, која го објавила видеото во 2014 година.
Снимките наводно биле направени за време на верски разговор во Сомалија и на нив било поставено лажно лого на шведската државна телевизија СВТ. Во видеото, како силувачи и крадци е прикажан муслиманскиот народ во Сомалија.
Поради ова, Какабавех еднаш добила предупредување од својата партија, била суспендирана еден месец како член на Парламентот и од членството во партијата, но ја продолжила својата антиисламска реторика.