Alma Dekovic
11 Јули 2022•Ажурирај: 12 Јули 2022
САРАЕВО (АА) - Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел порача дека геноцидот во Сребреница претставува еден од најмрачните настани во модерната европска историја, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Годишнината на oваа трагедија е исто така и потсетник, дека заедно мораме да работиме за мирот во Европа и Босна и Херцеговина да стане дел од Европската Унија“, напиша Мишел на Твитер по повод одбележувањето на 27-годишнината од геноцидот во Сребреница.
Тој порача дека „нашите срца и мисли се со жртвите и нивните семејства“.