Ekipa
24 Март 2019•Ажурирај: 25 Март 2019
КАИРО (АА) - Портпаролот на Арапската лига, Махмуд Афифи, изјави дека членството на Сирија во Арапската лига нема да биде на агенда на овомесечниот годишен Арапски самит, јавува Anadolu Agency (AA).
Арапските лидери треба да се состанат во Тунис на 31 март на годишниот самит.
„Сириското враќање во Арапската лига не беше официјална тема на состаноците во нашата организација“, изјави портпаролот Махмуд Афифи.
Тој, сепак, изјави дека сириската криза ќе биде дискутирана за време на годишниот Арапски самит.
Членството на Сирија во Арапската лига беше суспендирано од 2011 година, откако режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад со воена сила се обиде да ги задуши продемократските протести и така ја вовлече земјата во осумгодишна граѓанска војна.
Генералниот секретар на Арапската лига, Ахмед Абул Геит, минатиот месец изјави дека не постои консензус меѓу земјите членки за враќање на Сирија во Арапската лига.