Gamze Türkoğlu Oğuz
05 Септември 2017•Ажурирај: 05 Септември 2017
САНТИЈАГО (АА) - Таксистите во Чиле протестираа против Убер, мобилна апликација којашто им овозможува на сопствениците на приватни возила да работат како таксисти, и ја блокираа главната улица во Сантијаго, чилеанската престолнина, која води кон аеродромот, јавува Anadolu Agency (AA).
Протестот на таксистите предизвика страшен метеж на главната улица, а патниците беа принудени да пешачат со своите куфери за да стигнат навреме на аеродромот.
Локалните телевизии прикажаа видеоснмики на коишто може да се види како возилата на таксистите со дигалки ги отстрануваат од улицата. Според соопштението, еден 65-годишен Бразилец починал од срцев удар во настанатиот хаос.
Управата на аеродромот соопшти дека од настанатата ситуација се погодени над 2.400 лица, бидејќи се одложени повеќе од 10 летови поради одржаниот протест.
Убер е основан во 2009 година, има 14.000 вработени, и повеќе од милион возачи во над 600 градови во светот.