Ekipa
28 Март 2017•Ажурирај: 28 Март 2017
КОПЕНХАГЕН (АА) - Данското претставништво на „Убер“, сервис за превоз на патници, ги прекинува своите активности во Данска поради предлог-законот со кој ќе бидат заострени стандардите за такси возилата, јавува Anadolu Agency (AA).
Кристијан Агербо, портпарол на данскиот „Убер“, денес изјави дека мораат да ги сносат последиците, додавајќи дека предлогот, според кој такси возилата и автомобилите за наем мораат да имаат сензори за зафатено седиште и таксиметар, оди во погрешен правец.
Кога предлогот беше претставен во февруари оваа година, Агербо најави дека „Убер“ ќе остане во Данска и ќе се бори.
Данските обвинители тврдат дека „Убер“ е сличен на илегалните такси услуги и сега се чека одлуката на судот за услугите на компанијата. Од „Убер“ велат дека во Данска има околу 2.000 активни возачи, и дека апликацијата ја презеле околу 300.000 луѓе.