Балкан

Вучиќ: „Ќе барам од САД помош за укинување на косовските такси“

„Одам ослободен од секоја вина и одговорност за она што се случува на Косово“, истакна српскиот претседател

Bojana Stojanovic  | 06.06.2019 - Обновена : 07.06.2019
Вучиќ: „Ќе барам од САД помош за укинување на косовските такси“ Фото: АА/Архива

БЕЛГРАД (АА) - Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека на меѓународната конференција во Братислава ќе бара од Сoединетите Американски Држави (САД) помош во тоа Приштина да ги укине стопостотните такси, пренесува Anadolu Agency (AA).

Вучиќ наведе дека на утрешната конференција во Братислава нема да има билатерален состанок со претседателот на Косово, Хашим Тачи.

„Одам ослободен од секоја вина и одговорност за она што се случува на Косово“, изјави Вучиќ.

Претседателот на Србија повтори и дека тој е за разграничување, но дека ја разбрал пораката на народот која е против тоа.

„Ние не сме подготвени да ја слушнеме вистината околу Косово, дури и кога сите ја знаат. Тоа луѓето не сакаат да го прифатат, бидејќи допира во нивните емоции“, изјави Вучиќ.

Српскиот претседател изјави и дека редовните парламентарни, покраински и локални избори ќе бидат одржани во март или во април 2020 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.