Muhammed Emin Canik
06 Март 2021•Ажурирај: 07 Март 2021
БУЕНОС АИРЕС
Најмалку 35 лица се приведени во текот на антивладините протести во Чиле, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Стотици луѓе протестираа против Владата на претседателот Себастијан Пинера на плоштадот „Бакуедано“, познат и како Плоштад на Италија, кој е главно место на собирите на демонстрантите во текот на антивладините демонстрации што одвреме-навреме се интензивираат веќе две години во главниот град Сантијаго.
Демонстрациите почнаа во попладневните часови и се претворија во насилни настани во вечерните часови, а дојде и до судири помеѓу безбедносните сили и демонстрантите.
Демонстрантите на плоштадот го запалија кипот на чилеанскиот војник и политичар, генерал Мануел Бакуедан.
На социјалните мрежи објавено е дека полицијата влегла меѓу демонстрантите кои го блокираа превозот во текот на демонстрациите и дека приведени се 35 луѓе.
Протестите, што почнаа откако на 6 октомври 2019 година поскапеа билетите за подземната железница во Сантијаго, каде што метрото дневно го користат повеќе од три милиони луѓе, интензивирани се на 18 октомври и забележани се и бројни грабежи и насилство во многу градови.