Adam Abu-bashal
06 Март 2021•Ажурирај: 06 Март 2021
АБУЏА
Четиринаесет лица смртно настрадаа во нападот извршен од страна на вооружени сила во нигериската сојузна држава Сокото, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите во локалните медиуми, претставник на локалната власт во селото Тара, Манисара Мухамед истакна дека сеуште неидентификувани вооружени лица дошле во село Тара при Сокото и отвориле оган во околината.
Мухамед нагласи дека во нападот загинале 13 лица додека голем број лица се повредени.
Во соопштението на полицијата во Сокото се наведува дека едно лице загина во нападот извршен во подрачјето на Дингјади од страна на воорижени лица.