Mücahit Oktay
06 Март 2021•Ажурирај: 08 Март 2021
ЊУЈОРК
Полицијата приведе многу демонстранти во судирот до кој дојде кога една група демонстранти се судри со друга група поради отворањето транспаренти во корист на поранешниот американски претседател Доналд Трамп на Тајм сквер, во Њујорк, пренесува Агенција Анадолија (АА).
До расправата дошло помеѓу приврзаниците на Трамп, кои сакале на Тајм сквер да отворат транспарент на кој пишувало „Trump Save America 2024“, и членовите на организацијата „Црните животи се важни“ (Black Lives Matter), кои се спротивставиле на тоа.
Њујоршката полиција (NYPD) не им дозволи на приврзаниците на Трамп да ги развијат транспарентите и приведе многу демонстранти од двете групи што се судрија.