свет

ЕУ: Може да се најде решение за кипарското прашање иако не е лесно

Борел објави писмено соопштение по неговите одделни средби во Никозија со претседателот на Турската Република Северен Кипар, Ерсин Татар, и со лидерот на грчката администрација на Јужен Кипар, Никос Анастасијдис.

Ömer Tuğrul Çam  | 06.03.2021 - Обновена : 08.03.2021
ЕУ: Може да се најде решение за кипарското прашање иако не е лесно

БРИСЕЛ

Високиот претставник на Европската Унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, истакна дека по средбите што ги реализирал со турскиот и со грчкиот лидер во Кипар, заклучил дека може да се најде решение за кипарското прашање иако, според него, не е лесно, и рече дека го поддржува повторното започнување на преговорите со ЕУ, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Борел објави писмено соопштение по неговите одделни средби во Никозија со претседателот на Турската Република Северен Кипар, Ерсин Татар, и со лидерот на грчката администрација на Јужен Кипар, Никос Анастасијдис.

Тој нагласи дека од средбите со кипарските лидери заклучил дека постои тежок пат на кој може да се оди, но дека може да се најдат решенија.

„ЕУ го поддржува тоа во најкратко време повторно да започне процесот на кипарското решение под покровителство на ОН“, рече тој.

Борел нагласи дека процесот нема да започне од самиот почеток, и дека постои готова рамка формирана од страна на ОН.

„Нема да биде лесен процес, но тоа може да се направи за интересите на сите Кипарци, за Европа и за стабилноста на регионот“, додаде Борел.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın