Sorwar Alam
08 Декември 2017•Ажурирај: 09 Декември 2017
ЧИКАГО (AA) – Неколку илјади демонстранти се собраа синоќа на улиците на Чикаго за да протестираат поради одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за признавање на Ерусалим како главен град на Израел, јавува Anadolu Agency (AA).
Демонстрантите се собраа пред палатата Федерал Плаза во центарот на градот, носејќи големо палестинско знаме и транспаренти со пораки „Ерусалим, црвена линија", „САД, Изралел, тргнете се од Ерусалим" и „Режимот Трамп/Пенс мора да падне".
На собраните им се обратија неколку челници на невладини организации, а демонстрантите потоа маршираа низ улиците извикувајќи ги слоганите „Слобода за Палестина, не Израел" и „Доналд Трамп мора да замине".
И покрај екстремно студеното време, демонстрантите четири часа маршираа низ градот, а протестниот марш завршен е со собир пред зградата на израелскиот конзулат.
Собирот е следен со засилени безбедносни мерки и не се забележани поголеми инциденти.
Во среда, американскиот претседател Доналд Трамп го призна Ерусалим како главен град на Израел и нареди Стејт Департментот да започне со подготовките за префрлување на амбасадата од Тел Авив во Ерусалим.
Таа одлука наиде на остри критики на целата меѓународна заедница, а посебно на земјите од исламскиот свет.