Kübra Chohan
08 Декември 2017•Ажурирај: 08 Декември 2017
БРИСЕЛ (АА) - Европската комисија денес соопшти дека во преговорите за повлекување на Велика Британија од Европската унија или Брегзит, е постигнат доволен напредок и дека страните ќе се движат кон втората фаза на преговорите, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение од Комисијата се наведува дека на Европскиот совет му е поднесен предлог за премин во втората фаза на преговори со Велика Британија.
„Денес имам голема надеж сите да одиме напред во втората фаза на овоие предизвикувачки преговори", изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.
Европскиот совет треба на 15 декември да процени дали е постигнат доволен напредок и да го одобри на преминот во втората фаза од преговорите за Брегзит.
Премиерката на Велика Британија Тереза Меј преку социјалната мрежа Твитер порача дека го поздравува предлогот за премин во втората фаза, во која ќе се преговара за трговските прашања и безбедноста.
Потегот на Европската комисија дојде откако главниот европски преговарач, Мишел Барние, вчера им даде рок од 48 часа за да се изјаснат дали е направен доволен напредок за премин на преговорите и утврдување на иднината на односите меѓу Велика Британија и Европската унија.