Dejan Maksimoviç
08 Декември 2017•Ажурирај: 09 Декември 2017
ГРАНД РАПИДС (АА) - Лари Насар, поранешен лекар на олимпискиот тим на САД, беше осуден на 60 години затвор по три точки кои се однесуваат на злоупотреба на детска порнографија на неговиот компјутер, јавува Anadolu Agency (AA).
Насар се согласи со обвинителите за спогодбено признавање на вината, и за секоја точка од обвинителството доби 20 години затвор, наведуваат американските медиуми.
Исто така, тој се соочува со две кривични дела за кои призна напад на гимнастичарки, а за нив пресудата ќе биде изречена во февруари следната година.
Три поранешни американски олимпијки го обвинија Насар за сексуално малтретирање под маска на лекување.
Во 2016 година, инспекторите во компјутерот на Насер открија повеќе од 37.000 слики од сексуална злоупотреба на деца, вклучувајќи деца од шест години.
Американската окружна судијка Џенет Неф во Гранд Рапидс, на 54-годишниот Насар му изрече максимална казна затвор.
Обвинетиот призна дека поседувал детска порнографија, примал детска порнографија и ја попречувал правдата, бидејќи минатата година се обидел да ги уништи доказите за време на полициската истрага.