Mustafa Melih Ahıshalı
09 Март 2020•Ажурирај: 09 Март 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Пратеникот во иранскиот Парламент и член на парламентарната Комисија за национална безбедност и надворешна политика, Шехруз Берзегер, истакна дека покрај новиот тип коронавирус Ковид-19, што првпат се појави во градот Вухан во Кина, во Иран има уште еден вид вирус што го шират САД, чие потекло не е познато, пренесува Агенција Анадолија (АА).
За Новинската агенција на ирански студенти (ИСНА), Берзегер даде информации за состанокот на Комисијата за здравство, на кој учествувале иранскиот министер за здравство, Саид Немеки, и претседателот на Собранието, Али Лариџани.
„Еден дел од коронавирусот идентификуван во градот Гилан е сосема различен од Ковид-19, што е откриен во градот Вухан во Кина. Со овој вирус е заразена и 25-годишна медицинска сестра“, нагласи Берзегер.
Истакнувајќи дека овој вирус, кој е различен од Ковид-19, се појавил и во градот Ком, Берзегер додаде: „Не се знае од каде потекнува вториот вирус. Како што разбрав од говорот на министерот за здравство, во земјата има два вида вируси, еден е тој од градот Вухан во Кина, а на другиот не му се знае потеклото. Претпоставувам дека овој втор вирус може да биде биотерористички вирус што САД го шират во Иран.“
Според последните информации, бројот на починати во Иран поради Ковид-19 се зголеми на 237, а бројот на заболени се искачи на 7.161 лице.