Fatjon Cuka
09 Март 2020•Ажурирај: 10 Март 2020
ТИРАНА (АА) - Јавните и останатите образовни установи во Албанија ќе бидат затворени две недели во рамки на новите мерки против ширењето на новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Премиерот на Албанија, Еди Рама, на денешниот состанок на Советот на министри на земјата истакна дека е време да се затворат сите образовни установи и да се бара откажување на сите масовни спортски и културни собири, конференции и други јавни активности.
Рама информираше дека до 3 април се одложени директните летови или поморските патувања од северниот дел на Италија, пред сè од целосно изолираните црвени зони.
Како што кажа, образовните установи ќе бидат затворени на две недели со цел спречување на ширењето на вирусот.
Од друга страна, министерката за образование, спорт и млади на Албанија, Беса Шахини, нагласи дека нема место за паника и дека максимално се внимава во однос на намалување на ширењето на Ковид-19.
Шахини нагласи дека децата и младите не се во опасност, но дека може да бидат пренесувачи, и затоа е донесена одлука за прекинување на наставата.
Меѓу другото, министерката за здравство и социјална заштита на земјата, Огерта Манастирлиу, донесе одлука за прекинување на јавните настани, како спортски и културни активности, така и конфренции, масовни собири, концерти до 3 април.
Манастирлиу даде инструкции за прекинување на извозот на лекови и медицински материјали до понатамошна друга одлука.