Bilgin S. Şaşmaz
09 Август 2017•Ажурирај: 10 Август 2017
ЧИКАГО (AA) - Во американскиот град Чикаго, илјадници граѓани синоќа уживаа во проекциите на нивните омилени филмови во киното на отворено, во коешто граѓаните ќе можат да уживаат до 5. септември, јавува Anadolu Agency (AA).
Освен во филмските остварувања, Американците истовремено уживаа во погледот на Чикаго. Киното на отворено е направено во паркот Милениум, еден од симболите на овој американски град. Беа прикажани филмовите „Дух“ и „Сјајот“.
Паркот беше исполнет и со голем број туристи кои во тоа време беа во посета на градот. Познатиот парк неколку часа пред проекцијата беше исполнет со љубители на филмот.
Некои овој момент го искористија за пикник со семејството, а пак некои не пронајдоа место за уживање во филмските класици.