Atila Altuntaş
09 Август 2017•Ажурирај: 10 Август 2017
СТОКХОЛМ (АА) - Малолетни бегалци од Авганистан кои учествуваа на протест против Канцеларијата за мигранти пред зградата на шведскиот Парламент во Стокхолм, беа изложени на расистички напад, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Полициската дирекција во Стокхолм, Аса Валентин, потврди дека на малолетните демонстранти била фрлена запалива супстанција и тројца од нив биле полесно повредени.
Ахмад Рахими, демонстрант од Авганистан, во изјава за шведскиот весник, „Expressen“ (Експресен), истакна дека група од 100 луѓе одлучиле да протестираат затоа што Канцеларијата за миграции не ги прифатила барањата за азил за малолетници без родители.
Рахими пренесе дека во текот на демонстрациите биле нападнати од страна на една расистичка група од 20 до 30 лица. „Одеднаш, една група почна да оди кон нас извикувајќи пароли од типот: 'Ахмед, Мухамед губете се, бегалци губете се', и фрлија димна бомба. Нашите другари беа повредени“, вели тој.
Според соопштеното, започната е истрага за овој инцидент.