Cüneyt Karadağ
23 Јуни 2016•Ажурирај: 24 Јуни 2016
САРАЕВО (AA) - Вооружено машко лице отвори оган во кино сала во трговски центар на западот на Германија, при што реагираше полицата а се наведува дека има повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Спомнатите лица, како што наведуваат германските медиуми, се наводно повредени од солзавец.
Околу 15.00 часот маскирано машко лице отвори оган во Кинополис во Виернхајм во близина на Франкфурт. По тоа се забарикадира во трговски центар, но со брза реакција полицијата успеа да го уапси.
Гласноговорничката на полицијата Кристин Кобус истакна дека не може да дава детали, додавајќи дека постои безбедносна закана на спомнатото подрачје.
Виернхајм, град со коколу 32.000 жители, се наоѓа јужно од Франкфурт.