Sinan Doğan
09 Јуни 2022•Ажурирај: 10 Јуни 2022
БОГОТА - Четиринаесет лица загинааа во судир меѓу рудари на злато во перуанскиот регион Арекипа, известува Агенција Анадолија (АА).
Во градот Каравели кој се наоѓа во регионот Арекипа дошло до пресметка меѓу две лица, а прераснал во судир кога во тепачката се вмешале и другите рудари.
Во соопштението што ја даде националната полиција се наведува дека во судирот што настанал меѓу двете групи, животот го загубиле 14 лица, а 31 се ранети.
Судирот, во кој се користени огнено оружја и остри предмети, е запрен по интервенција на безбедносните сили.
Претставниците на власта изјавија дека е можно зголемување на бројката на загинати и додадоа дека продолжува потрагата по загинати лица во регионот.
Според вестите објавени во локалните медиуми, наводно дошло до судир меѓу вработените на компаниите „Атико Калпа“ и „Калпа Ренас“ и на нелегалните рудари на спорното рударско место.
Во тек е широкоопсежна истрага во врска со инцидентот.