Mehmet Alaca
12 Април 2023•Ажурирај: 13 Април 2023
АНКАРА (АА) - Четири лица загинаа во вооружен напад извршен врз воена база во индиската државата Пенџаб во северниот дел на земјата, пренесува Анадолу.
Портпаролот на Армијата информираше дека во 4:35 часот по локално време, бил извршен вооружен напад врз воена база во регионот Батинда.
Соопштувајќи дека во нападот животот го загубиле 4 лица, портпаролот на Армијата истакна дека потрагата по напаѓачите продолжува во околината на базата.
Во Батинда, високиот полициски функционер Гулнит Синг Хурана за НДТВ изјави дека полицискиот тим чека пред воената база и додаде дека повеќе се фокусирани на можноста инцидентот да бил предизвикан од „лично непријателство“, отколку да претставува терористички напад.