Nilay Kar
07 Април 2019•Ажурирај: 08 Април 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Одлуката на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за анектирање на окупираниот Западен Брег, доколку победи на општите избори, „го игнорира меѓународното право“, истакна портпаролот на турската владејачка Партија за правда и развој (АК Parti), пренесува Anadolu Agency (AA).
„Нетанјаху изјави дека ќе ги анектира населбите на Западниот Брег доколку победи на изборите. Оваа изјава јасно ги игнорира резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации и меѓународното право“, напиша Челик на социјалната мрежа Твитер.
Комантарите на Челик дојдоа откако Нетанјаху вети дека ќе го анектира окупираниот Западен Брег ако победи на општите избори во Израел закажани за 9 април.
Нетанјаху во интервју на израелската телевизија истакна: „Ќе се осигураме дека ние сме одговорни на теренот. Ќе наметнеме суверенитет над населените места во Јудеја и Самарија [Западен Брег].“
Челик, исто така, истакна дека Нетанјаху се движи до степен на „целосно уништување на законот“.
Додавајќи дека потегот на Нетанјаху за окупација претставува голема закана за меѓународното право и безбедноста, истакна: „Време е меѓународната заедница да рече, доста на лудилото на Нетанјаху.“
Околу 650.000 еврејски доселеници моментално живеат во над 100 населби на Западниот Брег и Источен Ерусалим (Кудс), окупирани од Израел.
Меѓународното право гледа на Западен Брег и Источен Ерусалим како на окупирани територии и ги смета сите активности на изградба на еврејските населби таму за нелегални.