Tuğrul Çam
26 Септември 2018•Ажурирај: 27 Септември 2018
ЊУЈОРК (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу во Њујорк зборуваше на 9. седница на министри на Глобалниот форум за борба против тероризмот, јавува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу во своето обраќање на форумот изјави: „(Во Ирак и Сирија) Сè уште продолжува терористичката закана. ДЕАШ, Ал Каеда, Нусра, ПКК, ПЈД/ЈПГ сè уште се тука“.
Министерот Чавушоглу зборувајќи за борбата против тероризмот, ја даде следната констатација:
„Ниту една земја самостојно не може да се бори против тероризмот. Потребно е да делуваме единствено“.