Ömer Tuğrul Çam
23 Јануари 2020•Ажурирај: 24 Јануари 2020
АНКАРА/ЖЕНЕВА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, изрази задоволство што Република Северна Македонија наскоро ќе стане членка на НАТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
Чавушоглу учествуваше на сесијата насловена „Иднината на НАТО“, во рамки на 50. Светски економски форум во Давос.
Шефот на турската дипломатија истакна дека НАТО е најмоќната воена организација.
Тој се осврна и на членството на Северна Македонија во Алијансата, и рече дека Турција го поддржува проширувањето на НАТО.
Турскиот министер рече дека е задоволен што Северна Македонија наскоро ќе стане членка на НАТО.