АНКАРА (АА) - Во последните години постојано се зголемува влијанието на манипулативните содржини раширени на Твитер преку мрежата наречена „Diavolo“, која врши дејности за Саудиска Арабија, а оваа популарна платформа на социјален медиум стана неуспешна во спречувањето на оваа опасност, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според написот објавен на интернет-страницата на „Middle East Eye“, со седиште во Велика Британија, една од најактивните манипулативни онлајн мрежи на Средниот Исток на Твитер сѐ уште е влијателна, додека суспендирањето на некои лажни профили од страна на Твитер не е доволно за спречување на овој ризик.
Професорот Марк Овен Џонс, автор на овој напис, истакна дека мрежата „Diavolo“, која произведува содржини за телевизискиот канал „Сауди-24“, и другите медиумски ограноци при овој канал, преку Твитер споделува објави со секташки говор на омраза, антисемитизам и манипулативни објави во врска со убиството на Џамал Кашоги.
Целта на компјутерската програма „Diavolo“, што на италијански јазик значи „ѓавол“, е пропагандните содржини кои ги објавуваат овие канали, да ги шири што е можно повеќе.
Поради тоа, преку апликацијата „TweetDeck“ на Твитер објавува автоматски твитови преку армија лажни профили создадени со истата програма.
- „Исклучително координирана иницијатива“ -
Во написот се нагласува дека за анализирање на влијанието на лажните профили на мрежата, потребно е да се врши пребарување користејќи го хаштагот на една од земјите од Средниот Исток на Твитер.
Се вели дека лажните профили кои се познати како „ботови“, преку методата „копи пасте“, обично ја споделуваат истата содржина и дека во долниот десен дел се наоѓа и линкот на видеото на каналот „Сауди-24“.
Џонс, кој во написот со читателите ги споделува и податоците од истражувањето во врска со „Diavolo“, истакна дека профилите поврзани едни со други се дизајнирани на тој начин за да изгледаат делумно реални. Но, тој истакнува дека всушност околу 3.700 автоматски и полуавтоматски профили во мрежата се на лажни профили.
Во истражувањето се анализирани околу 20.000 твитови споделени од страна на лажните профили, и се користени како пример. Датумот на создавање на овие профили, платформите на кои се користени, бројот на следбеници и сличностите во објавите на овие профили се меѓу факторите преку кои се утврдува дали тие може да се опишат како сомнителни или не.
Доколку се земе предвид големиот број заеднички зборови повторени во мрежата, овие манипулативни активности се исклучително координирани.
- На нишанот на лажните профили се наоѓаат Турција, Иран и Катар -
Авторот вели дека мрежата често се фокусира на Турција, Иран и Катар. Една третина од објавите во мрежата сочинува хаштагот #Iran, додека Турција, Катар и Саудиска Арабија сочинуваат 17 отсто од вкупните објави.
Тој потсети дека по упатените поплаки, Твитер суспендирал 1.800 профили, нагласувајќи дека мрежата е многу поголема од оваа бројка и дека овие пречки влијаат многу малку врз активноста на мрежата.
Според него, мрежата, и покрај тоа што биле изложена на некои елиминирања, продолжува да шири просаудиски пропаганди и дезинформации. Мрежата особено врши одбранбени операции против критиките кон саудиската администрација, исто така се качува и до листата на „trend topic (TT)“.
Џонс нагласува дека мрежата во 2018 година била многу активна за ширење на теорија на заговори дека Турција е наводно одговорна за убиството на Џамал Кашоги, но дека овие теории на заговор повеќе не успеваат. Исто така, мрежата постави „спам видеа“ со реклами на саудиските компании во хаштагот „JamalKhashoggi“ во октомври минатата година, по повод годишнината на убиството на Кашоги.
Во написот исто така се вели дека хаштагот #floridashooting (Нападот во Флорида), отворен откако еден војник со саудиско потекло уби три американски војници во Флорида, е спамиран со пораки во врска со поддршката на Саудиска Арабија за борбата против тероризмот.
- „Слепата точка“ на Твитер -
Авторот истакнува дека со продолжување на присуството на мрежата, Твитер од страна на Саудиска Арабија се користи како оружје, нешто што создава прашања дека на Твитер постои „слепа точка“ во врска со оваа ситуација.
Од друга страна, во ноември минатата година тројца саудиски државјани, од кои двајца вработени на Твитер, биле уапсени од страна на американската администрација со обвинение дека шпионираат во полза на Ријад.
Но, високиот раководител на Твитер, Џек Дорси, без оглед на тоа што управата на Твитер претходно дознала за ова прекршување, се состана со саудискиот престолонаследник, принцот Мухамед бин Селман.