Ekipa
23 Јануари 2020•Ажурирај: 24 Јануари 2020
РАМАЛА (АА) - Министерството за надворешни работи на Палестина предупреди дека Израел го користи холокаустот за да ги прикрие своите злосторства над палестинскиот народ и окупацијата на арапските територии, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Палестинското Министерство ги повика учесниците на 5. Светски форум за холокаустот, кој денеска се одржува во Ерусалим, да бидат внимателни со „политичките контексти кои Израел во оваа пригода се обидува да ги искористи“.
„Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и лидерите на окупацијата го користат Форумот за да го прикријат вистинсктото лице на Израел кој ја окупира територијата на другите земји, се населува таму и над палестинскиот народ извршува најстрашни злосторства, кои достигнаа ниво на воени злосторства и злосторства против човештвото“, се наведува во соопштението.
Палестинското Министерство додава дека меѓународната заедница мора добро да обрне внимание на страдањата на палестинскиот народ кој е под окупација.
Во таа пригода Министерството повторно го осуди холокаустот.
Најмалку 40 политички лидери учествуваат на 5. Светски форум за холокаустот кој денеска се одржува во Западен Ерусалим. Меѓу високопозиционираните официјални претставници се претседателот на Русија, Владимир Путин, неговиот француски колега Емануел Макрон, потпретседателот на САД, Мајк Пенс и многу други.