Jeyhun Aliyev,Seda Sevencan
18 Декември 2020•Ажурирај: 19 Декември 2020
АНКАРА/КИЕВ (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу и турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, се состанаа со украинскиот премиер Денис Шмихал како дел од дводневната официјална посета за подготовките за 9. состанок на Стратешкиот совет на високо ниво Турција - Украина и ќе присуствуваат на состанокот „Куадрига“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Чавушоглу и Акар пристигнаа синоќа, а денеска одржаа состанок со Шмихал во Киев.
Зборувајќи на состанокот, Акар изјави дека Турција и Украина имаат стратешко-партнерски односи од 2011 година и нагласи дека билатералните односи се одлични.
„Турција ја поддржува интеграцијата на Украина во евроатлантските институции“, нагласи Акар, истакнувајќи на значајноста за осигурување безбедност и благосостојба на кримските Татари, како и заштита на нивните права и интереси.
Осврнувајќи се на билатералната соработка во одбранбената индустрија, Акар изјави дека доколку оваа зголемена соработка стане понапредна во наредниот период, тоа ќе биде од корист и за Турција и за Украина.
„Имавме плодна средба со премиерот Денис Шмихал од Украина. Нашиот обем на трговска размена е речиси 5 милијарди долари; нашата цел е 10 милијарди долари. Договорот за слободна трговија ќе помогне да се постигне оваа цел“, напиша Чавушоглу на Твитер.
„Понатаму ќе ја продолжиме нашата соработка во секое поле, од енергетиката до одбранбената индустрија“, додаде тој.
По состанокот со украинскиот премиер, Чавушоглу и Акар исто така се состанаа со претставници на туркијците Ахиска и Гагаузите во Украина.
„Тие, исто така, се состанаа со Халит Чевик, шефот на Специјалната набљудувачка мисија на ОБСЕ во Украина. За време на состанокот се дискутира за најновата ситуација во источниот украински регион Донбас“, напиша Чавушоглу на Твитер.
Нагласувајќи дека амбасадорите на Турција кои ја водеа мисијата уште од почетокот, исполнуваат важна задача, Чавушоглу рече: „[Ситуацијата во] Донбас мора да се реши дипломатски и договорите од Минск да бидат целосно спроведени.“
„Денеска официјалните претставници на одбраната на двете земји исто така потпишаа договори за беспилотни летала и корвети од класата „Ада““, напиша на Твитер, Исмаил Демир, шефот на Претседателството на турските одбранбени индустрии.
Според договорот за набавки, Украина има за цел да ја зајакне својата морнарица, со цел да ја зголеми безбедноста во Црното Море и Азовското Море.
Во октомври, говорејќи во украинскиот Парламент, претседателот Владимир Зеленски го изнесе актуелното ниво на соработка меѓу неговата земја и Турција, вклучително и во технологијата и во одбранбената индустрија. Зеленски, исто така истакна дека односите на Киев со Анкара достигнале невидени нивоа.
Во февруари турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган беше во посета на Зеленски во Киев. Според договорот потпишан за време на посетата, Турција вети дека ќе обезбеди 205 милиони лири (25,8 милиони долари) за да ѝ помогне на Украина да ги исполни своите одбранбени потреби.
Двете земји, исто така, се согласија да работат на зголемување на обемот на билатералната трговија, првично на 10 милијарди долари, а потоа на 20 милијарди долари, значително повисока од 5 милијарди долари забележани во 2019 година.
Лидерите, исто така, повикаа од 2012 година да бидат склучени преговорите за слободниот Трговски договор кои се во тек.