Fuat Kabakcı
19 Декември 2020•Ажурирај: 21 Декември 2020
АНКАРА
Од почетокот на пандемијата од Ковид-19 во светот се регистрирани 75.069.711 случаи на заразување, а оздравија 53.335.209 заразени лица, jавува Агенција Анадолија (АА).
Интернет страницата „Worldometer" објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на Ковид-19, а според последните податоци во светот од последиците на заразување починаа 1.682.267 лица.
Во светот моментално има повеќе од 21.052.235 активно заразени лица, од кои 106.809 тешко болни.
Ковид-19 кон крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан, а Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март оваа година прогласи глобална пандемија од Ковид-19.