Mustafa Deveci
19 Декември 2020•Ажурирај: 23 Декември 2020
Камерманот на Агенција Анадолија (АА), Кишам Абу Шакра, го сними моментот кога еврејски доселеник отвори оган на Палестинците додека протестираа против илегалните еврејски населби на окупираниот Западен Брег.
Палестинците протестираа во местото Ал Мугајер во Рамала против илегалните еврејски населби. Во еден момент дојде до тензии помеѓу Палестинците и еврејските доселеници, кои покрај себе имаа палки и кучиња.
Камерманот Абу Шакра ја забележа снимката на која се гледа како еден еврејски доселеник отвора оган на собраните Палестинци.
Израелските војници што беа на тоа подрачје се обидоа да спречат поголеми тензии помеѓу Палестинците и еврејските доселеници. Демонстрантите, кои носеа палестинско знаме, бараа од израелските војници да ги оддалечат еврејските доселеници од тоа подрачје.
Очевидците тврдат дека еврејскиот доселеник што отворил оган не е приведен.
Од друга страна, претставникот на израелската Војска за АА рече дека не се запознаени со инцидентот и дека ќе го истражат случајот.
По окупацијата од 1967 година, Израел на подрачјето на палестинскиот Западен Брег изгради повеќе од 250 илегални населби во кои моментално живеат повеќе од 400.000 еврејски доселеници.
Новоизградените еврејски населби според меѓународното право имаат статус на илегални населби, што го потврдуваат и низа резолуции на Обединетите нации (ОН).