Admir Fazlagic
18 Декември 2020•Ажурирај: 19 Декември 2020
СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија од последиците предизвикани од коронавирусот (Ковид-19), регистрирани се 29 смртни случаи, со што вкупната бројка на смртните случаи од овој вирус во земјата се искачи на 2.254, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека во последното деноноќие се регистрирани 883 случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на регистрирани случаи на овој вирус во земјата изнесува 77.134.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 536 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени пациенти во земјата е 52.949.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 изнесува 21.931.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.827 тестирања, а досега во земјата се направени вкупно 376.565 тестирања.