Şerife Çetin,Nazlı Yüzbaşıoğlu,Behlül Çetinkaya
17 Март 2021•Ажурирај: 18 Март 2021
АНКАРА
Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, истакна дека грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас, ќе ја посети Турција на 14 април, јавува Агенција Анадолија (АА).
Чавушоглу во Претседателскиот комплекс одржа заедничка прес-конференција со вицепремиерот на Казахстан и министер за надворешни работи Мухтар Тилеуберди.
Истакнувајќи дека на консултативните средби е разговарано за споровите на Егејот, Чавушоглу рече дека на состанокот во Атина е разговарано за тоа прашање.
Чавушоглу, наведувајќи дека не би било реално кога би се очекувало решение на еден единствен состанок, рече дека Турција ќе биде домаќин на идниот состанок.
Потсетувајќи дека постои и механизмот за политички консултации меѓу министерствата за надворешни работи на Турција и Грција, Чавушоглу рече дека по вчерашниот консултативен состанок денес се одржани пообемни политички консултации.
„Турција во однос на прашањата на Источниот Медитеран јасно го изложи својот став и на терен и на маса. Ние сакаме правично споделување на Источниот Медитеран“, рече Чавушоглу, додавајќи дека Турција предложила мултилатерална конференција за Источниот Медитеран, но дека сè уште за тоа немало одговор од Европската Унија.
Министерот Чавушоглу, истакнувајќи дека Турција ќе ги продолжи разговорите со Грција, исто како и со другите земји, рече дека пред две години претседателот Реџеп Таип Ердоган и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис им дале мандат на министрите за надворешни работи, но дека средбите не се одржале поради напнатоста.
Чавушоглу, исто така, додаде дека преговорите ќе се водат во иднина.
„Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас, е мој личен пријател од Европскиот совет од 2003 година. Ќе ја посети Турција на 14 април“, рече Чавушоглу.
Истакнувајќи дека сите прашања меѓу двете земји ќе бидат разгледани во Анкара, Чавушоглу изјави дека подоцна и тој ќе ја посети Грција.
Чавушоглу наведе дека веруваат дека контактите ќе бидат од корист и дека во овие рамки ќе се разговара и на состанокот Ердоган - Мицотакис.