Erbil Başay
17 Март 2021•Ажурирај: 17 Март 2021
БЕРЛИН
Во Германија во изминатите 24 часа од последиците на коронавирусот починаа 249 лица, со што вкупниот број на смртни случаи е зголемен на 73.905, јавува Агенција Анадолија (АА).
Државниот центар за контрола на болести Институтот „Роберт Кох“ денес соопшти дека во истиот период е потврдено заразување со коронавирус кај уште 13.435 лица и дека вкупниот број на заразени од Ковид-19 достигнал 2.594.764.
Бројот на новозаразени на 100.000 жители кој вчера изнесуваше 83,7, се зголеми на 86,2.
На состанокот, кој германската канцеларка Ангела Меркел го одржа со премиерите на сојузните покраини на 4 март е донесена одлука за можно заострување на мерките во случај пораст на бројот на заразените.