свет

Чавушоглу во пресрет на 2. Конференција во Берлин се состана со либискиот премиер Дбеибе

На средбата помеѓу Чавушоглу и Дбеибе разговарано е за координацијата на политичките позиции што ќе бидат претставени на Конференцијата

Mücahit Aydemir  | 23.06.2021 - Обновена : 24.06.2021
Чавушоглу во пресрет на 2. Конференција во Берлин се состана со либискиот премиер Дбеибе Фото: Fatih Aktaş/AA

БЕРЛИН (АА) - Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, се состана со либискиот премиер, Абдул Хамид Мохамед Дбеибе во Германија, каде што ќе биде одржана Втората конференција во Берлин за Либија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението од Кабинетот на премиерот на Либија е наведено дека Дбеибе и Чавушоглу разговарале за координацијата на политичките позиции што ќе бидат претставени на Конференцијата.

Во главниот град на Германија денес се одржува Втората берлинска конференција на која ќе биде започната иницијативата насочена кон национално помирување и обединување на Војската во Либија.

Иницијативата има за цел да ја обедини либиската Армија под единствена команда и да го активира договорот за прекин на огнот и исто така ќе се фокусира на воспоставување извршни механизми за решавање на безбедносните и економските проблеми.

Под покровителство на Обединетите нации и Германија, на Втората конференција во Берлин ќе учествуваат шефот на либискиот Претседателски совет, Мохамед ал-Менфи, премиерот Абдул Хамид Дбеибе, специјалниот пратеник на ОН за Либија, Јан Кубис, и министрите за надворешни работи на земјите учеснички.

Конференцијата има за цел да го оцени напредокот постигнат во воспоставувањето мир во Либија, која е зафатена со конфликт, и напорите насочени кон одржување на безбедноста во земјата.

Настанот се очекува да ја нагласи неопходноста од одржување парламентарни и претседателски избори на 24 декември, како што е закажано, и повлекување на странските сили и платениците од земјата.

Берлин на 19 јануари 2020 година беше домаќин и на Првата меѓународна конференција за либиската криза.





На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.