Zuhal Demirci
01 Февруари 2019•Ажурирај: 02 Февруари 2019
БУКУРЕШТ (AA) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, се состана денеска во Букурешт со германскиот колега Хеико Мас, јавува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу престојува во главниот град на Романија по повод неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки, како и на земјите кандидати за членство во ЕУ.
Чавушоглу ја искористи можноста да одржи билатерална средба со германскиот министер Мас, а како што дознава новинарот на АА, тие разговарале за турско-германските односи.