Rıyaz Khalıq
01 Февруари 2019•Ажурирај: 01 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - Специјалниот претставник на САД за Северна Кореја, Стив Бигун, изјави дека американскиот претседател, Доналд Трамп, е подготвен да стави крај на Корејската војна, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Крај е, завршено е. Нема да ја напаѓаме Северна Кореја. Ние не сакаме да го собориме режимот на Северна Кореја“, изјави Бигун, кој беше цитиран од „Си-ен-ен“.
Бигун рече дека е апсолутно убеден, и што е уште поважно, претседателот на САД е убеден дека е време да ги тргнат последните 70 години војна и непријателство на Корејскиот Полуостров.
Претходно, американскиот државен секретар, Мајк Помпео, изјави дека Трамп и Ким овој месец некаде во Азија треба да се состанат за вториот самит.
Сепак, Бигун рече: „Пред процесот на денуклеаризација да биде завршен, ние исто така мора да имаме целосно разбирање за целосниот степен на севернокорејското вооружување за ракетните програми за целосно уништување. Ние ќе го сфатиме тоа до одредена точка преку сеопфатна изјава“.
Американскиот претставник за Пјонгјанг јасно кажа дека американските трупи нема да се повлечат од Јужна Кореја како концесија на Ким.
„Ние не сме вклучени во каква било дипломатска дискусија која ќе сугерира ваков компромис. Никогаш не било дискутирано“, додаде Бигун.
Претставникот соопшти дека севернокорејскиот лидер се заложил за уништување на сите објекти богати со плутониум и ураниум, доколку САД преземат „соодветни мерки“.
„Токму во врска со овие мерки, јас планирам да разговарам со мојот колега од Северна Кореја за време на нашиот следен сет на состаноци“, рече Бигун кој беше цитиран од „Си-ен-ен“.
Пјонгјанг е под санкции на ОН од 2006 годинa, кои ја осакатија економијата и не дозволуваат странски инвестиции во земјата. Претходно оваа недела Пјонгјанг бараше олеснување за зголемување на довербата.