Ata Ufuk Şeker
23 Мај 2018•Ажурирај: 23 Мај 2018
БРИСЕЛ (AA) - Основачот на Фејсбук Марк Цукенберг сведочеше пред Европскиот парламент (ЕП) и во таа прилика се извини поради грешката и пропустот во заштита на корисничките податоци на социјалната мрежа Фејсбук, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во најширока смисла не презедовме одговорност. Тоа беше грешка и поради тоа се извинувам", рече Цукенберг, додавајќи дека во компанијата Фејсбук безбедноста е многу важно прашање.
„Допуштете да ви објаснам што правиме во однос на прашањето на безбедноста по грешките со Кембриџ Аналитика. Апликацијта ќе зема помалку податоци, а доколку ја користите три месеци апликацијата ќе престане да собира податоци", рече Цукенберг.
Вети дека до крајот на 2020 година ќе вработи уште луѓе и ќе продолжи да инвестира во Европа за да се зголеми степенот на сигурноста.
Пратеникот од баварската конзервативна партија Манфрид Вебер истакна дека е убаво што Цукенберг упати извинување и постави прашање дали е можно да се разбие монополот на Фејсбук.
Цукенберг на тоа одговори дека Фејсбук делува во просторот во кој конкуренцијата е многу висока.
„Ми се чини дека секој ден доаѓаат некои нови конкуренти и ние сакаме секогаш да се развиваме за да и понатаму останеме релевантни", рече Цукенберг.
Шефот на клубот на пратениците АЛДЕ- Гај Верхофштад го запраша Цукенберг за односнот на Фејсбук со изборите.
„Не сакаме било кој да се меша во изборите како Русите во американските претседателските избори. Во таа смисла градиме нови алатки, соработуваме со изборните комисии и работиме на зголемување на транспарентноста", рече основачот на Фејсбук.
Потсети и дека Фејсбук денеска пружа шест отсто на маркетиншкиот простор во светот.
„Една многу важна работа е тоа што ширум светот има 70 милиони компании кои користат Фејсбук за ширење на работата. Поради тоа е важно да не се заборави на тоа дека овозможуваме маркетиншки простор и на малите компании кој претходно го имаа само големите компании и тоа е нешто со што се гордееме", додаде тој.
Сепак, Цукенберг на повеќето прашања не одговори конкретно и не одговори на сите прашања.
Европската унија (ЕУ) побара разговор на лидерите на политичките групи на ЕП и Цукенберг по избувнување на скандалот со Кембриџ Аналитика.
Фејсбук го погоди криза на доверба кај корисниците, огласувачите, вработените и инвеститорите после што призна дека податоците за околу 87 милиони лица, повеќето од Соединетите Американски Држави (САД) дојдоа во рацете на компанијата Кембриџ Аналитика која ги искористи во политички кампањи.
По избувнување на скандалот, во САД и во Европа отворени се неколку истраги, додека Цукенберг неколку пати се извини поради кршење на приватноста на корисниците на социјалната мрежа Фејсбук.