Vesna Besiç
23 Мај 2018•Ажурирај: 23 Мај 2018
ПАХОА (AA) - Вулканот Килауеа на Хаваите, кој досега уништи десетици куќи на Големиот Остров, не се смирува, пренесува Anadolu Agency (AA).
Неодамнешната вулканска ерупција на Килауеа ги принуди властите да евакуираат најмалку 1.700 жители на Леилани естејтс.
Вулканот продолжува да исфрла лава, камења и токсични гасови поради што населението се евакуира. Срушени се 26 куќи, а под лавата останаа и четири станбени единици.
Од Опсерваторијата за вулкани на Хаваите сè уште нема назнаки кога би можело да дојде до смирување на вулканската активност и ширење на лавата, која прекри подрачје од околу 36.000 квадратни метри.
Станува збор за еден од најактивните вулкани на светот кој се активира од 1983 година.