Erbil Başay
05 Март 2016•Ажурирај: 06 Март 2016
БЕРЛИН (АА) - Премиерот на Грција, Алексис Ципрас, изјави дека доколку Европската унија (ЕУ) и Турција соработуваат, бегалската криза ќе се стави под контрола, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ципрас за германскиот весник „Bild“ рече дека Турција, во која се наоѓаат 2,5 милиони бегалци, носи тежок товар на своите плеќи.
Доколу соработуваме заедно со Турција, овој проблем ќе го ставиме под контрола”, рече Ципрас кој тврди дека мигрантите во Грција не дојдоа пливајќи туку со бротчиња и елеци за спасување произведени во Турција.
Премиерот истакна дека по прашањето за криумчарење на луѓе, треба да се посвети внимание на самиот негов корен. Тој нагласи дека не барале, во замена за соработката по прашањето на бегалската криза, да ѝ се избришат долговите на Грција.
„Преговорите за финансиската криза немаат никаква врска со бегалците. Во врска со финансиската криза само сакам да кажам дека во јули потпишавме одредена програма и дека ќе се придржуваме до неа. Проблем е Меѓународниот монетарен фонд (MMF). ЕУ треба да го повика ММФ да се придржува до договорот”, рече Ципрас и се надоврза на темата за затворањето на границите на одредени земји на Балканот.
„Договарањето и одлучувањето на одредени земји и покрај сите правила е потег против Европа и не е во ред”, рече Ципрас и додаде дека ситуацијата со бегалците е тешка, но не е излезена од рамките на контрола.
„Меѓутоа, доколку бегалците од Турција продолжат да доаѓаат а балканските граници останат затворени, тоа би можело да биде критично за нас”, предупреди Ципрас.