Erdoğan Çağatay Zontur
18 Март 2019•Ажурирај: 18 Март 2019
БРИСЕЛ (АА) - Осомниченото лице кое со огнено оружје пукаше во трамвај во холандскиот град Утрехт, пукал во свој роднина поради фамилијарни причини, но и во луѓето кои сакале да ја смират ситуацијата, соопштија роднините на напаѓачот, јавува Anadolu Agency (AA).
Три лица загинаа, а пет се повредени откако 37-годишниот Ѓокмен Таниш, пукаше во патници во трамвај во Утрехт.
Полицијата за локалните медиуми соопшти дека се фокусира на мотиви кои не се од терористичка природа, и дека е можно нападот да се случил поради семејна расправија.
Безбедносните власти истакнаа дека сторителот на нападот сé уште е во бегство.