Erdoğan Çağatay Zontur
18 Март 2019•Ажурирај: 19 Март 2019
АНКАРА (АА) - Женскиот консултативен совет на Организацијата за исламска соработка (OIC) ги осуди терористичките напади на џамиите во Нов Зеланд во кои загинаа 50 лица, јавува Anadolu Agency (АА).
„Силно го осудуваме терористичкиот напад против недолжните муслимани за време на нивната петочна молитва во џамиите „Ал Нур“ и „Линвуд“ во Крајстчрч, во Нов Зеланд“, наведе Советот во писмото до премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн.
Советот изрази сочувство и солидарност до семејствата на жртвите и им посака брзо и успешно опоравување на повредените.
Во писмото се нагласува дека тероризмот нема религија и е повикано на акција прoтив нетолеранцијата, расизмот, ксенофобијата и исламофобијата.
Советот ја пофали премиерката на Нов Зеланд за силното лидерство и за повикот за единство по нападите.
„Ви изразуваме пофалба за силното лидерство кое го покажавте во овие тешки околности, барајќи единство пред поделби, и изразуваме надеж и уверување дека под ваше раководство процесот што следи ќе биде спроведен и финализиран чесно“, се наведува во писмото.
Во терористичкиот напад врз верниците за време на петочната молитва во две џамии во Крајстчрч во Нов Зеланд, убиени се 50 лицa.